Бебе (1) се удави во базен во Србија во понеделникот.
Според мајката Ц.К. (31) бебето со братот (7) и сестрата (3) пливало во гумен базен длабок околу 25 сантиметри.
Во еден момент синот влегол од дворот во куќата и рекол дека бебето е во базенот и не дише.
Родителите без знаци на живот го донеле бебето во Општата болница во Врбас.
На телото немало траги на насилна смрт, а на телото на девојчето била наредена обдукција и од родителите биле земени примероци од урина и крв.
За настанот е известено Вишото јавно обвинителство во Сомбор.