Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба. Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била изградена луксузната хациенда, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа води кон два заклучоци: Славјанка Петровска не ја продала хациендата, туку ја префрлила на друго лице, за истото да го чува и крие нејзиниот имот или таа ја продала хациендата, а парите од продажба не ги пријавила во нејзиниот анкетен лист и со тоа можеби влегла во низа кривични дела. Славјанка Петровска да не се крие зад пратеничкиот мандат и да каже дали ја крие хациендата на друго лице или ги сокрила парите од купопродажбата. ДКСК да не чека и да отвори случај, тврдат од партијата.