Град Скопје стартува со терестичната дезинсекција против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестичната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира од 22 до 25.07 2024 година, во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини, информираа од Град Скопје.

Претходна вестСДСМ: Лефков како папагал повторува лаги, стравот од Филипче во ВМРО-ДПМНЕ е голем
Следна вестВо ноќен клуб во тетовско пронајдени 32 жени од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан