Во ноќен клуб во тетовско пронајдени 32 жени од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан

На 17/18.07.2024 во периодот од 23.30 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во ноќен клуб во тетовско Горно Седларце, каде управител е А.И.(27) од Горно Седларце.

При контролата во објектот биле затекнати 32 странски државјанки на возраст од 20 до 40 години од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во РСМ спротивно на целта.

Тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Претходна вестГрад Скопје стартува со терестичната дезинсекција против комарци
Следна вестТуристичката населба Претор без вода за пиење, одговорност мора да има, велат од партијата Левица