Туристичката населба Претор без вода за пиење, одговорност мора да има, велат од партијата Левица

-Во екот на сезоната, туристичката населба Претор се соочува со недостиг на вода за пиење. Трагично е тоа што оваа населба неколку пати немала ниту техничка вода. Срамота е да потсетуваме дека водата е еден од основните услови за живот и дека на овој начин наместо да се развива туризмот се повеќе се уништува, велат од партијата Левица.

-Минатата година лидерот на партијата Мицкоски и градоначалникот Тозиевски се сликаа и се пофалија со изведба на новиот проект, поставување на нов резервоар за вода и тврдеа дека проблемот е решен. Парите се потрошени, а проблемот останува.

Дали ова беше уште едно празно ветување пред парламентарните избори. Граѓаните заслужуваат отчет за потрошените средства. Мора да има ефективност и резултати од изведените проекти а не само слики

Левица апелира до надлежните институции да се направи целосна ревизија на проектот. Потребно е трајно решение на проблемот, соопштуваат од партијата Левица.

Претходна вестВо ноќен клуб во тетовско пронајдени 32 жени од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан
Следна вестГрадоначалникот Коњановски со иницијатива пожарникарите да бидат наградени