Директорот на ТИРЗ ја посети фабриката на Текнопанел во Скопје

ТИРЗ наведува дека фабриката на „Џонсон Мети” во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски денеска ја посети фабриката „Џонсон Мети“ во Скопје која, како што се соопштува, е прва во серијата посети на фирми кои работат во ТИРЗ, со цел директна комуникација и поддршка на компаниите.

ТИРЗ наведува дека фабриката на „Џонсон Мети” во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и една од најсофистицираните и најнапредни фабрики на „Џонсон Мети“ во светот и важи за најголем извезувач од држвава.

-Нашата мисија е да ги поддржуваме и поттикнуваме компаниите во ТИРЗ, овозможувајќи им најдобри услови за работа и развој. „Џонсон Мети’ е пример за успешна компанија која придонесува за одржлив економски раст и иновации во нашата земја. Продолжуваме и понатаму да работиме на подобрување на деловната клима и поддршка на компаниите во ТИРЗ, истакна Димовски.

Боријан Борозанов, директор на „Џонсон Мети“, како што информираат од ТИРЗ, изјави дека се горди на оваа фабрика во Скопје, која, вели, е „меѓу најсофистицираните и најнапредни во светот“.

-Оваа инвестиција не само што придонесува за економскиот раст на Македонија, туку и за глобалната иновација и одржливост. Преку континуирано вложување во нашите вработени и заедницата, обезбедуваме долгорочен успех и просперитет. Нашата посветеност кон одржливиот развој е основен принцип на кој се темелат сите наши деловни активности. Се надеваме на уште поголеми инвестиции, изјави Борозанов.

Од ТИРЗ посочуваат дека посетата на „Џонсон Мети“ е дел од иницијативата на дирекцијата за ТИРЗ за директен контакт со компаниите, со цел подобро разбирање на нивните потреби и предизвици.

-Овие посети се планирани да продолжат и во наредниот период, опфаќајќи различни компании кои работат во рамките на ТИРЗ, се наведува во соопштението.

Претходна вестКрах на ИТ системите во светот: Откажани летови, парализирани финансиски системи и медиуми
Следна вестРакометарите на Вардар 1961 ги добија притивниците во Лигата на Европа