Струмичанец силувал малолетник со пречки во развојот

53-годишен жител на Струмица се сомничи дека извршил обљува врз малолетно лице со пречки во развојот.

Како што соопштија од Струмичката полиција, осомничениот бил уапсен вчера во 18:25 часот, а се сомничи дека во 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица ја извршил обљубата.

Лицето било задржано во Полициската станица во Струмица и за настанот бил запознат јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестИзбегната катастрофа во Порцеланка, Велес, спречен пожар на 100 метри од склад со 80 тони плин
Следна вестКочанчанец бил на летување во Тунис и се заразил со западно нилска треска