Се расправал за наплата на паркинг услуга па го украл терминалот за увид на наплатите

Полиција го расчистува случајот во кој жител на Скопје завчера го одзел терминалот за увид на наплатите за паркирање на подрачјето на скопската општина Центар.

Како што информираа од полицијата, на 24.07.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Ф.Н.(35) од Скопје пријавил дека околу 12.50 часот на работното место на паркинг простор на подрачјето на Центар, по претходна расправија за наплата на паркинг услуга, едно лице му се заканило, а потоа со употреба на сила му одзело терминал за увид на наплатите за паркирање, сопственост на Паркинзи на Општина Центар.

 

 

Претходна вестТлото на истокот од Македонија продолжува да се тресе, утрово нов земјотрес
Следна вестЗапленети непријавени девизи на ГП Табановце