Шеснаесетгодишниот пливач Никола Ѓуретановиќ е првиот од нашите олимпијци кој треба да настапи во дисциплината 400 метри слободно денеска околу 11.45 часот на Олимпискиот базен во Париз.
– Овие денови тренирав супер и се чувствувам подготвено. Се надевам на апсолутен рекорд на Македонија и соборување на мој личен рекорд, се зборовите на Ѓуретановиќ.
Ѓуретановиќ треба да настапи во првата група, на четвртата патека, а во истата група ќе има уште четворица натпреварувачи: Ридван Абубакар Бвана (Кенија) на втората патека, Риквон Џибрил Ноел (Гвајана) на третата Илијас Ел Фалаки (Мароко) на петтата и Алберто Вега (Костарика) на петтата патека.
Личниот рекорд на Ѓуретановиќ во дисциплината 400 метри слободно е 4:02.61 мин. Светскиот рекорд во оваа дисциплина е во сопственост на Германецот Пол Бидерман (3:40.07 мин.)