ЦЈЗ Охрид: Водата во Охридско Езеро со одличен квалитет, реките Велгошка, Коселска и Сатеска и натаму ја загадуваат

Површинската вода на Охридското Езеро може да се користи за капење, спорт и рекреација, соопштија од Центарот за јавно здравје Охрид.

Во рамки на својата дејност и надлежности за вршење на контрола на санитарно-хигиенскиот квалитет на површинската вода во Охридското Езеро, од македонска страна, како и водата во реките кои се вливаат во Охридското Езеро, од македонска страна, Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид, во периодот од 10 до 24 јули 2024 изврши узоркување и физичко-хемиска и микробиолошка анализа на преку 30 примероци на површинска вода, земени во крејбрежниот дел од Охридското Езеро-капалишта, на потегот од плажа Св.Наум до с.Радожда.

-Резултатите од анализираните примероци на водата во крајбрежниот појас на Охридското Езеро, од македонска страна, делот кој најчесто се користи за капење, спорт и рекреација, во наведениот период се категоризира, хемиски на прва, а микробиолошки на одлично, што според соодветната законска регулатива, оваа површинска вода може да се користи за капење, спорт и рекреација, велат од ЦЈЗ Охрид.

Квалитетот на површинската вода од трите реки кои се вливаат во Охридското езеро од македонска страна, река Велгошка, река Коселска и река Сатеска, во месец јули останува непроменет како и во претходниот период-месец мај-јуни, односно реките се категоризираат, хемиски на втора/трета класа, а микробиолошки на незадоволително, односно на петта класа. Согласно постоечката законска регулатива, потенцираат, овие реки претставуваат загадувачи на Охридското Езеро.

Претходна вестСте степале на нотар поради оставинска постапка
Следна вестМакедонците и другите малцинства изразија огорченост по изгласаната изборна реформа во Албанија