Третиот македонски претставник на ЛОИ во Париз, џудистот Еди Шерифовски го заврши својот настап на игрите во престолнината на Франција со пораз во првото коло во категоријата до 81 килограм.
Шерифовски немаше сила да се избори против актуелниот светски шампион, Бразилецот Гиљерме Шмит кој беше подобар со ипон во воведната борба.
Тој е третиот македонски олимпиец кој го имаше својот настап на игрите по Ѓуретановиќ во пливање и Мојсовска во стрелаштво.
До крајот на ЛОИ, Македонија ќе има свои претставници и во таеквондо во името на Милијана Релјиќ, борење слободен стил Владимир Егоров и маратон Дарио Ивановски.