На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 145 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 за некористење сигурносен појас…
Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.