Вчера имало вкупно 66 пожари, денеска гори на 12 локации

Во текот на вчерашниот ден 30.07.2024 година, имаше вкупно 66 пожари на отворен простор, од кои во моментот 12 се активни, 3 се под контрола и 51 се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.

Актини пожари се на следниве локации:

  1. Општина Пехчево: с.Негрево
  2. Општина Старо Нагоричане: с.Малотино, с.Враготурце, с.Жегљане
  3. Општина Кратово: с.Татомир се шири кон општина Куманово и општина Свети Николе
  4. Општина Македонски Брод 1: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен кон Раставувачи за струја
  5. Општина Свети Николе 1: с.Макреш, с.Горно и Долно Ѓуѓанци, с.Строиманци, с.Ранченци
  6. Општина Свети Николе 2: над с.Ерџелија, с.Немањци, с.Малино
  7. Општина Куманово: с.К’шање – с.Кокошиње
  8. Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште
  9. Општина Дојран: помеѓу Стар и Нов Дојран, нас.Карач
  10. Општина Македонски Брод 2: с.Слатина, Стојанова населба
  11. Општина Пласница: с.Пласница проширен кон с.Латово, Македонски Брод
  12. Општина Карбицни: с.Долни и Горни Балван, с.Трогерци

Под контрола се пожарите во:

  1. Општина Демир Хисар: Илинска Планина
  2. Општина Кочани: с.Главовица кон с.Пресека
  3. Општина Старо Нагоричане: с.Ругинце , с.Коњух, м.в.Кшала

Изгаснати се вкупно 51 пожар.

Претходна вестЛевица: Наместо да одговара за аферата „бесплатен паркинг” Павле Трајанов доби функција
Следна вестПриведен маж кој подметнувал пожари во радовишко, го признал делото