Некрофилската политика на СДС нема крај. Постои чудна корелација и задоволство во СДС од пожарите и поради несреќата на многу градови и села, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Владеачката партија наведува дека наместо да излезат со конструктивен предлог СДС се радуваат на пожарите.
-СДС да одговори која е позадината на канонадата на пожари. СДС да преземе одговорност и да се извини што остави ограбена држава, без летала за гасење пожар, без опрема и кадар. Наместо да се сокријат тие пробуваат да печалат поени. Тоа е дното на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.