ВМРО-ДПМНЕ: Кој од СДС ја излизга Кузеска да шири дезинформации, синот на Иванов и сопругата на Илевски не се назначени за надзор во МЕПСО

Синот на Ѓорге Иванов и сопругата на Богдан Илевски не се назначени за надзор во МЕПСО, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која изнесе вакви тврдења.

-Кој од СДС ја излизга Кузеска да шири дезинформации и да ја труе јавноста со лаги, СДСМ тотално забегале. Кој вака ја излизга Богданка Кузеска да држи прес конференција и да шири лажни вести. Во недостиг на сериозни аргументи, СДСМ продолжува да ја труе јавноста со дезинформации. Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска се назначени за надзор во МЕПСО. Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски, соопшти владечаката партија.

Оттаму реагираaт на денешното тврдење на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска дека се случува груба партизација на администрацијата.

-Скандалозни се најновите одлуки со кои Владата изврши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе кои немаат допирна точка со енергетиката, но се роднински поврзани со луѓе од Владата.Прв и најскандалозен избор е изборот на синот екс претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, за член на надзорниот одбор на МЕПСО.Тој е дипломиран политиколог и нема никаква допирна точка со она што ќе треба да го работи. Понатаму, во МЕПСО е згрижена и сопругата на главниот ТВ водител и пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски, Анастасија. Човекот кој жолчно ги брани секојдневно политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше водач на насилните протест на 27 април, сега конечно наплатува за своето слепо слугување на партијата. Понатаму, со назначувањето на првиот братучед на Изет Меџити, Бурим Љатифи за директор на МЕПСО, имаме целосен непотизам за што бараме институциите итно да реагираат, потенцира Кузеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека во СДСМ расколот е очигледен, покрај тоа што мешаат роднини и јавно излегуваат на говорница и прозиваат луѓе, почнале и меѓусебно да се местат.

-Прес конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести. Филипче, Кузеска и останатите фотелјаши функционери ја донесоа партијата СДСМ пред целосен колапс. Лошиот пиар на Венко Филипче ќе ја доуништи и така веќе уништената и поразена СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска реагираше и сопругата на ТВ водителот Богдан Илиевски, Анастасија Богданоска која ги демантира наводите од СДСМ дека е назначена за надзор во МЕПСО.

-Јас не сум назначена во никаков одбор, ниту во МЕПСО ниту во било која друга државна институција. Се работи за друго лице со исто име и слично презиме, пишува на својот Фејзбук профил Богданоска.

Богданоска бара извинување од СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија за изнесените лаги на ист начин во ист формат на прес конференција. Во спротивно Богданоска нагласува дека ќе поведе правна постапка.

Извинување денеска побара и Иван Иванов.

-Не сум назначен за член во одборот на МЕПСО, ниту пак во кој било друг одбор, на која било друга институција. Станува збор за сосема друга личност со исто име и презиме. На госпоѓата Кузеска би сакал да и посочам дека покрај тоа што сум дипломиран политолог како што таа посочи на пресот, истовремено сум и доцент и универзитетски професор по политички науки, па би ја поканил на некое од моите предавања, со што можеби би ги подобрила нејзините политички вештини, па можеби во иднина нема да прави вакви аматерски грешки. Барам извинување од СДСМ на идентичен начин, на прес конференција, онака како што ја изнесоа и лажната вест. Во спротивно следува тужба, најави тој.

Претходна вестАХВ: Се повлекуваат од пазарот коцки за супа од Хрватска
Следна вестФилков: Нема да има десеткратно зголемување на нотарската тарифа