Ќе се прави анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултети

Тело во надлежност на МОН кое ќе направи анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултетите во нивниот состав е формирано на вчерашната владина седница. Како што соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, ако се констатираат недостатоци, ќе им биде даден „разумен рок“ за да ги отстранат, но ако тоа не го направат, ќе бидат затворени односно ќе им биде одземена дозволата за работа.

-Ќе имаат разумен рок да ги отстранат недостатоците. Тие што нема да ги отстранат, ќе мора да затворат. Да ја изгубат дозволата за работа, да ја изгубат лиценцата, акредитацијата, изјави денеска Мицкоски, истакнувајќи дека Владата планира реформи во високото образование и воспоставување ред во установите.

Како што рече, се срами од тоа што негови колеги од соседството му се пожалиле поради проблемите што ги имаат со дипломите добиени „преку ноќ“ во нашава земја. Затоа, рече, не може да дозволи тоа повеќе да се случува.

-Се срамам на две места каде што бев, и во Вашингтон и во Лондон, каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите ми кажаа – од кај вас преку ден се добиваат дипломи. И ни прават проблем во нашите држави. Тоа не може да се случува повеќ, посебно што јас доаѓам од високото образование. Не може дипломи преку ноќ да се добиваат. Тоа мора да се смени, истакна Мицкоски.

Претходна вестМицкоски: Октроирани со фалсификувани документи лидери на синдикални организации да внимаваат
Следна вестСе зголемува бројот на заболени од Ковид, најверојатно ќе се обнови забраната за посети во болници