Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја повикува јавноста да биде посебно претпазлива со цел спречување на пожарите.
-МЗШВ ја потсетува широката јавност да биде внимателна во периодот кој што следи бидејќи како што се приближуваме до критичните периоди од сезоната на пожарите и зголемениот ризик од појава на пожари на ниво на предел, но и моменталната состојба со пожарите во Македонија, од суштинско значење е јавноста да ја разбере опасноста и да превземе проактивни чекори за заштита на шумските екосистеми односно животна средина и заедниците во целина.
– Земјоделски површини – неконтролирано палење на земјоделско земјиште е строго забрането со закон и претставува казниво дело.
– Сериозни ризици – пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина. – Правни последици – предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело.
– Брзо откривање – јавноста да алармира на 112.
Совети за безбедност: Избегнување на палење на било каков оган за време на периоди на силен ветер или суво време; Пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.
МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за да се избегне појава на пожари на пределот.
Исто така МЗШВ ја потсетува јавноста дека од 15.07.2024 е воведена целосна забрана за движење во шумите.
-Работејќи заедно, можеме да го намалиме ризикот и да ја обезбедиме безбедноста на нашите домови и животната средина“, велат од ова министерство.