На локацијата зад македонското Собрание се почнати подготовките за изградба на катната гаража, објави телевизија Телма. Веќе е поставена табла со имиња на сопственикот и на градежниот изведувач на проектот.
Според податоците, одобрението за изградба е издадено на крајот на август 2014-та односно пред десет години откако ДУП-от беше променет во претходниот мандат во општина Центар.
Телевизијата наведува дека поголемиот дел од парцелата веќе е ограден со градежна ограда, а во внатрешноста на плацот се исечени и преостанатите неколку дрва од поранешниот парк. Оградата е на неколку метри од задната страна на собраниската зграда, а на плацот има и багер како и една ископана дупка.
Фото: Телма