„Тиквеш“ ги објави цените на откупот на грозје

Цените по шеќерни единици за секоја сорта винско грозје кое планира да го откупи, објави винарската визба „Тиквеш“, пред официјалниот старт на годинешниот откуп кој вообичаено почнува на први август.

Како што соопштија од винарската визба, планирано е „Тиквеш“ да прими и обработи над 30 милиони килограми квалитетно грозје.

-Притоа, основната цена по која оваа година ќе се откупуваат најзастапените сорти е дефинирана на 18 денари за килограм смедеревка и 20 денари за вранец, што претставува зголемување од 8 отсто до 19 проенти во однос на минатогодишната цена, која исто така беше зголемена од 20 отсто до 35 проценти во однос на 2022 година, соопштија од „Тиквеш“.

„Тиквеш“ нуди дополнителен бонус за грозје предадено во гајби, како и за грозје со висок квалитет кое е произведено согласно светските стандарди и критериуми за квалитет. Бонусот за грозјето предадено во гајби и цените на грозјето со екстра квалитет се зголемени и до 25 проценти во однос на минатата година.

За лозарите со долгорочни договори и оние кои можат да понудат највисок квалитет, ВВ „Тиквеш“ им гарантира исплата на откупеното грозје во многу пократки рокови од законски дефинираните.

Претходна вест„Вреди“: ДУИ и нејзините сателити ја понижуваат албанската култура, а најновиот пример е Ансамблот на албански песни и ора
Следна вестАктивни три пожари, кај Македонски Брод, на Илинска планина и кај селото Фурка