Камала Харис официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија за ноемвриските избори

Потпретседателката на САД, Камала Харис, официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија, откако беше избрана преку онлајн-гласање на Демократскиот национален комитет.

Ниту еден предизвикувач не се појави пред крајниот рок на 27 јули, со што се елиминира можноста за отворена демократска конвенција во Чикаго во август.

Се чини дека Харис ја доби последната поддршка кога Обама ја поддржа минатиот месец. Поранешниот претседател им се придружи на Клинтонови, Ненси Пелоси, актерот Џорџ Клуни и голем број пејачи кои го поддржаа Харис на ноемвриските избори против Доналд Трамп.

Таа е првата црнкинка и Индијка која стана кандидат на водечка американска партија за кампања за Белата куќа.

Харис е родена во Калифорнија во 1964 како дете на имигранти: нејзината мајка потекнува од Индија, а татко ѝ е роден во Јамајка. По нивниот развод, Камала и нејзината сестра Маја главно биле одгледани од мајка им под силно влијание на индиските традиции, но потоа сите ја присвоиле црната култура на Оукленд. „Мајка ми многу добро сфаќаше дека одгледува две црнкинки. Таа беше посветена кон тоа јас и Маја да пораснеме во самоуверени, горди црнкинки“, напиша Харис во својата автобиографија.

Таа вели дека отсекогаш била комотна со својот идентитет и се опишувала себеси како Американка.

Откако поминала четири години на „Харвард“ и добила диплома по право на Калифорнискиот универзитет во Хестингс, Харис станала главен обвинител на Сан Франциско, а потоа. во 2017 година беше избрана за сенаторка.

Таа од 2014 година е во брак со адвокатот Даглас Емхоф, станувајќи помајка на неговите две деца.

Претходна вестАктивни три пожари, кај Македонски Брод, на Илинска планина и кај селото Фурка
Следна вестСоцијално загрозените деца од Кисела Вода ќе имаат субвенциониран оброк во училиштата и целодневен престој во градинка