Патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(39) од Охрид, вчера излетало надвор од коловозот при што се повредени четири лица. Полицијата информриа дека несреќата се случила вчера во 23 часот на улицата “Железничка“ во Охрид.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Д.(34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот С.Д. и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница ‘Св.Еразмо’ во Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.