На Арсовска не и се погоди ниту четвртиот директор на „Водовод“, го разреши Панчевски и го именува Миновски

Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е разрешен по половина година на оваа функција.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски кој е вработен во претпријатието.

Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.

Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска. По доаѓањето на функцијата во октомври 2021, таа го назначи Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, но го разреши по кавгата со лидерот Христијан Мицкоски. На местото на Перински го стави Марјан Митовски, а по неколку месеци го смени и него и го назначи Илиевски, кој претходно беше в. д. директор во Зоолошката градина. Во февруари годинава, Арсовска го разреши и Илиевски, иако три месеци претходно му даде менаџерски договор, и на негово место го постави сега разрешениот Панчевски.

Претходна вестОбјавени цените на винското грозје: Смедеревка 18,3 денари, Вранец 20,8 денари
Следна вестПратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на собранискиот спикер Гаши