Унгарската групација 4иГ заинтересирана да влезе како мобилен оператор во Македонија

Унгарската групација 4иГ е заинтересирана да влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и доставила писмо со намери до македонската Влада, соопштија од Владата по денешната владина седница.

На седницата министерот за транспорт Александар Николоски ја информираше владата дека е пристигнато писмо со намери од операторот 4иГ Групација.

4иГ Групацијата е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, 4иГ Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ОНЕ.

-4иГ Групацијата” изрази интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија. Иницијативата е усогласена со стратегијата на “4иГ Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан, се наведува во владиното соопштение.

Од Владата велат дека се со став за зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија.

Вицепремиерто и министер за транспорт Александар Николоски, на 1 август објави дека во рамките на официјалната посетна на Унгарија се сретнал со претедателот на 4иГ Групацијата Гелерт Јасаи.

-Правиме обиди да создадеме поволни услови за да ги намалиме цените за граѓаните, напиша тогаш Николоски на својот фејсбук-профил .

Од Агенцијата за електронски комуникации вчера изјавија дека до нив нема пристигнато барање или отворање на постапка за нов мобилен оператор во земјава. Според Законот за електронски комуникации, АЕК може по сопствена иницијатива, или по поднесено барање од заинтересирана страна да отвори постапка за доделување на радио фрекфенции по пат на јавен тендер или јавно наддавање. По поднесено такво барање се отвора јавна расправа и не може да биде пократка од 30 дена со цел сите заинтересирани страни да може да се произнесат по ова прашање, бидејќи се доделува државен ресурс на Македонија.

Претходна вестПремиерката на Бангладеш поднела оставка бидејќи војската не сакала да пука кон демонстрантите
Следна вестВо Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак