Се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование, соопшти Владата по вчерашната седница.
На седницата е разгледана инфорамција на МВР во врска со обуката на полицајците.
-Министерството за внатрешни работи предложи информација во врска со реформски процес во областа на обуката, односно образованието на кандидатите за полицаец каде се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование кое има соодветни предности во однос на досегашните деветмесечни курсови за ангажирање на нови полицајци, се наведува во владиното соопштение.
Инаку, последниве години новите полициски службеници се регрутираат по објавените огласи на МВР врз основа на кои се бараа по неколку стотици полицајци. Тие, треба да ги исполнуваат услови да се македонски државјани, да не се постари од 25 години, да имаат завршено чтиригодишно средно образование, за се здравствено и психофизички способни… По приемот, тие одат на посебна обука по која склучувата договор со МВР како полицајци-приправници и имаат обврска да останат на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување.