Угина слоницата во ЗОО-Скопје, имало обид за тајно да се однесе во Дрисла

Угина слоницата во скопската Зоолошка градина. Во веста што ја објавува порталот Скопје1 се наведува дека угинувањето се случило изминатите денови. Порталот тврди дека од страна на управата на ЗОО Скопје имало обид угинувањето да се скрие и дека утрово, околу 08 часот, започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата.

Од снимките што ги објавува овој портал се гледа како со два багери и камион, слоницата е изнесена од Зоолошката и е однесена на депонијата Дрисла.

Причните за угинувањето не се познати за јавноста. Сега, Зоолошката остана со еден слон.

Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни.

Во 2018 година скопската Зоолошка градина доби две нови слоници Дуња и Даела кои беа добиени од Белгија. Тогаш Дуња имаше 49 години и е најголема азиска слоница, а Даела е африканска шумска слоница која имаше 30 години.  Двете слоници во 2016 година станаа привремени жители на белгиската Зоолошка година, откако биле донесени од циркус.

Фото: Скопје1

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Никакви сценарија кои ги коваат Филипче и Ахмети нема да ги спасат од одговорност
Следна вестДроновите на МВР почнаа да ги бараат новите пожари и подметнувачите