Дроновите на МВР почнаа да ги бараат новите пожари и подметнувачите

Полициските служби започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата како што неодамна најави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, а во насока на рана превенција од пожари.

-Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен, рече Јанев по посетата на тромеѓата помеѓу селата Расино, Косел и Опејнца, каде гореше борова шума.

За оваа намена ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови кои ќе бидат во функција 24 часа заедно со термалните камери, се со цел откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари.

-Со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку и детектирање на можните причини или причинители на истите, велат од МВР.

Претходна вестУгина слоницата во ЗОО-Скопје, имало обид за тајно да се однесе во Дрисла
Следна вестМакедонија има најбрз интернет во регионот