Слоницата во ЗОО Скопје била евтанизирана поради старост и болест, изјавија денеска од скопската Зоолошка градина. До објаснувањето доаѓа откако во медиумите се појавија информациите дека таа угинала и дека управата на ЗОО се обидела да ја прикрие смртта.
– Слоницата била легално евтаназирана, поради старост. Таа имаше веќе 60 години што е и просечен животен век за слоновите. Не е вистина дека било што било сторено во тајност. Тројца белгиски ветеринари, заедно со локални експерти ја прегледале и одлучиле дека животното треба да се евтаназира, изјавија во ЗОО Скопје.
Таа била донесена од Белгија во 2018 година, заедно со уште една слоница. Тоа е вообичаена практика кај нас, бидејќи скопската Зоолошка градина нема пари да купува животни, а ниту да тргува.
Постапката била завршена вчера. Телото на слоницата било дадено на обдукција, а потоа било однесено на депонијата Дрисла, како што наложуваат прописите.
Инаку, азиската слоница била најголема од нејзиниот вид во Европа. Таа била родена во 1969 година, што значи дека имала 55 години. Азиските слонови во просек живеат до 48 години.