Со автоматска пушка испукал 11 куршуми сакајќи да убие маж и жена

Кривична пријава против 36 – годишниот Б.Ј. од Скопје поради обид за убиство, соопшти полицијата.

МВР информриа дека тој минатата година на 03.07.2023 испукал 11 куршуми во возилото на Б.И во кое била и неговата сопруга.

-СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 03.07.2023 на подрачјето на Гази Баба, пријавениот од автоматска пушка испукал 11 куршуми кон возило „бмв“ во кое бил Б.И. со неговата сопруга, при што го оштетил возилото, се вели во билтенот на МВР.

Претходна вестВо бегство 23 затвореници од струмичкиот затвор
Следна вестСечеле кабел за струја па предизвикале пожар во Раштак