И натаму сончево и топло, попладне можна локална нестабилност

И во четврток во Македонија ќе проддолжи периодот на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (UV) ќе биде 8.

Утринските температури се движат во интервалот од 12 до 20, а максималните соодветмо ќе бидат меѓу 32 до 38 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 37 степени.

Претходна вестСечеле кабел за струја па предизвикале пожар во Раштак
Следна вестБез струја делови од општините Гази Баба, Зелениково и Aеродром