Во следната учебна година учениците во основното и во средното образование нема да имаат пролетен распуст. Ова денеска го најави министерката за образование Весна Јаневска.
Изминатиов мај, за првпат учениците имаа пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела).
Министерството за образование и наука во јули испрати прашалник до наставниците, родителите и учениците да го дадат своето лично мислење за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025, поради различните ставови во пролетниот рапуст во измината учебна година.
-Финалните одговори на родителите и повозрасните ученици покажаа дека не сакаат пролетен распуст и оваа година нема да има, рече министерката, одговорајќи на новинарско прашање во Општина Гази Баба.
Учебната година ќе почне на 2 септември, а ќе заврши на 10 јуни 2025.