О2 иницијатива ги повикува пратениците да не ги гласаат експресните измени во Законот за урбанистичко планирање

Повик до пратениците во македонското Собрание да не ги гласаат измените во Законот за урбанистичко планирање и да бараат истите да бидат отстранети од предлог-законот, упати денеска невладината организација О2 Иницијатива. Тие реагираат на измените кои по скратена постапка ќе се најдат пред пратениците на седницата закажана за в понеделник.

Во повикот на О2 иницијатива објавен на нивната фејсбук-страница се прашува зошто е потребата за вакви промени, без обид да се направи здрава основа за осмислени и усогласени измени со други актуелни, па и планирани закони со кои се преклопува.

-Се предлага бришење на одредбата со која јасно е утврдено дека урбанистичките планови кои започнале по старите закони и не успеале да се завршат во рок од четири години од стапување на сила на законот (18.02.2020), истите да продолжат по новиот закон. Со бришење на овој дел, ќе се овозможи стариот закон неограничено да се користи, наместо ДУП-овите конечно да тераат по сегашниот закон.

Се планира да се избрише делот со кој се уредува дека без согласнот од Министерството за транспорт, одлуката за носење на урбанистички план да е ништовна и министерот за транспорт да донесе решение за забрана на применувањето на планот.

-Новиот предлог ова ограничување го брише. Тоа значи дека ќе се овозможи носење на ДУП без согласност од Министерството за транспорт и потоа оди докажувај се пред Уставен суд со годинии, а во меѓувреме ќе си се гради и ќе си се гради по тој ДУП, наведуваат од Иницијативата.

Се предлага бришење на одредбите поврзани со обврската за обезбедување на потврда за урбанистичка усогласеност, со објаснување дека во пракса оваа одредба не се применува поради неусогласност со актуелниот Закон за градење.

-Зошто тогаш Законот за градење не се измени, за да може да се спроведе оваа одредба?! Се планира и само со урбанистички проект да се реализираат катни гаражи за кои не е донесен детален урбанистички план, пишува во апелот до пратениците еколошката организација О2 Иницијатива.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Сценариото на ДУИ е прочитано, со протестите сакаат да ги бранат функционерите
Следна вестТурист почина во Грција откако го каснал пајак за ногата