Постигнат е договор за спас на оризаропроизводителите информира на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тој се сретна со откупувачите на ориз, а на која присуствуваше и Васе Анакиев директорот на Државен инспекторат за земјоделство. Се разговараше за квалитетот, производната цена и иднината на македонскиот ориз.
-Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. . Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Со напомена дека ова се цени на кои колку рандманот се зголемува така и цената ќе биде зголемена. Две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена, информира Трипуновски.