На пожарникарите во Пехчево им изгоре единственото противпожарно возило

Единственото противпожарно возило со кое располагале пожарникарите во Пехчево целосно изгорело во пожарите кои вчера владеа на подрачјето на оваа општина. Вчера попладне избувна нов голем пожар во Пехчево околу чие гаснење се вршеше голема мобилизација на граѓаните. Во гаснењето учествуваа и пожарникарите од Доброволно противпожарно друштво од овој град, но во текот на акцијата огнот го зафати и возилото.

-За жал, ни се случи и голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре и единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево. За среќа, колегите пожарниакри се здрави и живи, се наведува во објавата на социјалните мрежи.

Вчера Кризниот штаб на Пехчево одржа седница на која се донесе одлука од денеска рано наутро, пожарот да го гаснат два полициски хеликоптери.

-Договоривме рано наутро со дејство да започнат два полициски хеликоптери. Помалиот хеликоптер ќе полни вода од специјално за таа намена наместен базен на стадионот во Пехчево а големиот Ми 171 со ведро од 2,5 тона ќе полни од 25 тонски базен со вида на приватна фирма која стопанисува со плантажа со лешници. Од земја ќе гаснат пожарникари од Берово, Виница, Кочани, Кавадарци како и вработени од Национални Шуми и тим од ДЗС“, информираше синоќа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Градоначалникот Александар Китански синоќа излезе со соопштение од Кризниот Штаб со кое апелира сите доброволци да се вклучат во гаснењето на пожарот.

-Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се се уште активни! Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со себе да понесат лопати, истакна Китански во пренесениот апел од Кризниот Штаб Најстрого, како што додаде, се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот.

Пожарот избувна кај месноста Јудови Ливади, а истиот како што информираа медиумите е забележлив и од бугарска страна.

Претходна вестСончево и многу топло
Следна вестВладата донесе итни мерки поради најавениот топлотен бран