Шкотските медиуми ги откриваат деталите за трансферот на Миовски

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски се збогува со Абердин и во наредните денови ќе стави потпис на договор со Жирона.

Според шкотскиот новинар Бери Андерсон, Жирона за Миовски ќе плати вкупно 7 милиони фунти. Од нив четири милиони ќе бидат платени веднаш, а преостанатите три ќе дојдат подоцна во вид на бонуси.

Трансферот на Миовски ќе биде голем профит за Абердин ако се знае дека тие го купија Македонецот за 575.000 фунти пред две години.

Миовски за Абердин одигра 97 меча и постигна 44 голови во сите натпреварувања.

Пред македонскиот напаѓач сега е уште поголем предизвик, да се докаже во шпанската Ла Лига и Лигата на шампионите.

Претходна вестИзложбената поставка „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ на Жарко Башески се отвора денеска во Охрид
Следна вестРимски пат, песочни дини и пештери: УНЕСКО додаде 24 места на листата за светско наследство