Приведениот Беран се брани дека немал намера да изврши напад на концертот во Виена, бомбата не била со соодветен квалитет

Немал намера да убива луѓе туку само да биде кул, била одбраната пред австриската полиција на 19-годишниот Беран Алији, чии родители се од гостиварско, кој е првоосомничен за планирање терористички напади за време на концертите на суерѕвездата Телјор Сфивт во Виена. Тој сега се брани дека само бил заинтересиран за идеите на Исламска држава (ИД), но дека немал намера да убива. Тој првично пред австриските органи потврдил дека планирал напад, но преку адвокатот сега негира вмешаност во каков било терористички заговор.

Како што објави австриската новинска агенција АПА, тој преку својот адвокат изјавил дека не е поддржувач на терористичката група Исламска држава и дека не планирал да изврши напади на концертите на музичката ѕвезда Свифт. Адвокатката Ина-Кристин Стиглиц во изјава за Ројерс тврди дека дека младиот човек стапил во контакт со ИД минатиот месец.

-Тој беше само заинтересиран и си поигруваше со тие идеи, но немаше сериозна намера да изврши напад. Само сакаше да биде кул, рече адвокатката.

Таа потврди дека изработувал бомба читајќи инструкции од интернет, но рече дека бомбата немало да профункционира бидејќи не била со соодветен квалитет.

-Сакаше бомбата да ја тестира во шума, не планирал да убие луѓе, изјавила адвокатката.

Инаку, по апсењето на младиот Алији, властите рекоа дека тој признал дека планирал да изврши терористички напад и да убие многу луѓе, влетувајќи со автомобил во маса фанови на Сфивт, потоа ланирал да убива со мачета и на крајот да активира бомба поставена во автомобилот.

 

Претходна вестКумановските пожарникари успешно извадија човек кој паднал во бунар
Следна вестГолем шумски пожар надвор од контрола во близина на Атина