Голем шумски пожар надвор од контрола во близина на Атина

Стотици пожарникари поддржани од повеќе од дваесетина авиони кои фрлаат вода се бореа со големиот шумски пожар кој беснее надвор од контрола на северот од грчката престолнина Атина.

Илјадници луѓе се евакуирани од нивните домови додека голем пожар се шири  со пламенот кој се издигнува до 25 метри. Историското место Маратон е меѓу областите чија што евакуација беше наредена.

Пожарникарите велат дека има изгорени домови и имоти во гратчето Варнавас, 35 километри од Атина, при што се обидуваат да извлечат луѓе заглавени во конвој од 20-25 возила.

Во саботата попладне избувнале повеќе од 40 пожари, од кои се активни седум. На терен се распоредени повеќе од 500 пожарникари, 150 возила и над 30 противпожарни летала.

-Работевме цела ноќ, но и покрај натчовечките напори, пожарот многу брзо се развива. Ветровите беа силни во текот на целата ноќ, па очекуваме разгорување на пожарите, изјави портпаролот на пожарникарите Василис Ватракојанис.

Јужно од Атина се евакуирани три болници зашто пожарот се движел кон селото Пентели.

Претходна вестПриведениот Беран се брани дека немал намера да изврши напад на концертот во Виена, бомбата не била со соодветен квалитет
Следна вестТаравари најавува и телемедицина за да пациентите не мора да доаѓаат на клиники