Во основните училишта на 1 септември ќе имаат учебници или материјали за учење за сите други предмети, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневска соопшти дека дел од учебниците се веќе дистрибуирани, а дел се печатат и, според договорот со печатницата, на 1 септември треба да бидат во училиштата.
-За жал, затекнавме и предмети по кои нема учебници, иако претходната Влада ја информираше јавноста дека се обезбедени. Ги посочив странските јазици, но и предметите за јазикот и културата на заедниците за кои во најголем дел поради лошиот квалитет на предложените учебници, истите не се одобрени. Но, направивме напори и за нив да обезбедиме материјали во дигитална форма кои учениците ќе можат да ги користат, рече Јаневска.