Избран нов Надзорен одбор на ЕСМ

Избран е нов Надзорен одбор, информира државното претпријатие ЕСМ преку Македонска берза.

За членови се избрани – Иван Куковски, Леко Ристовски, Ерхан Рамадани, Јетмир Идризи и професорот од Машинскиот факултет Стевче Антовски.

Независни членови на одборот се  Александар Мурговски и професорката од Машинскиот факутет  Маја Аначкова.

Како што е соопштено, изборот е извршен со одлука на владата и во содејство со собранието на акционери на ЕСМ.

Со истата одлука се разрешуваат досегашните членови на ова тело на ЕСМ – Слаѓана Богановиќ, Васил Коцев, Игор Петков, Сашо Додовски, Ридван Асани, Катерина Митовска Наковска и Арбен Несим.

Претходна вестПолитико: Радмила Шекеринска кандидат за заменик генерален секретар на НАТО
Следна вестМицкоски: Данела Арсовска ги премина сите граници, претходната влада ја толерираше оваа акутна неспособност