Јаневска го смени составот на Националната комисија за учебници

Нов состав на Националната комисија за учебници именуваше Владата на последната седница. Врз основа на Законот за учебници за основно и за средно образование, Владата ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими, за нови членови на Комисијата.

Министерството за образование и наука и Педагошката служба очекуваат новиот состав на Комисијата да го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и да биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја.

Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки

Претходна вестПожарот на Галичица ќе се „пречека“ над Љубаништа, надлежните повикуваат да не се крева паника
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС да каже каква врска има МВР со одлуката на Судот да го пушти Блерим Рамадани на куќен притвор