Најдобриот македонски кајакар, Љубомир Спасиќ, го освои третото место на Светското првенство во Мастерс што се одржува во Саберо, Шпанија.
Спасиќ за само шест стотинки (0,62) не успеа да се закити со сребро, кое му припадна на домашниот натпреварувач Ксавиер Миралес Пратс, додека заостана 21,3 секунди од новиот светски шампион, Французинот Лорен Маритин.
Задоволен сум од својот настап на Светското првенство иако имав шанса за пласман на второто место кое ми побегна за нешто повеќе од пола секунда, изјави Спасиќ.
Свој настап имаа и Златаров-Гугинов-Лазаров во тимско натпреварување, кои завршија на 13-то место.