Мицкоски: Ако имате корумпирани судии во Врховниот суд тогаш можете да замислете што се случува надолу

Ако вие имате корумпирани судии коишто се во највисокото тело а тоа е Врховниот суд, тогаш можете да замислите што се случува надолу, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека истрагата потврди дека не е само врховниот судија, туку спогодба со Обвинителството постои и кај Иџет Мемети, член на Советот на јавни обвинители.

-Затоа довербата во судство е два проценти. Се’ додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали е задоволен од изречените казни на Иџет Мемети и Наќе Георгиев после спогодбата со Обвинителството.

Мицкоски потенцираше оти е задоволен што во техничката влада МВР спровело акција, која покажала дека имаме корумпирани судии во највисокото тело – во Врховниот суд.

-Прво, сакам да изразам задоволство што во техничката влада МВР спроведе перфектна акција кога за првпат на дело покажа дека имаме корумпирани судии во највисокото тело, тоа е Врховниот суд и ако вие имате корумпирани судии коишто се во највисокото тело а тоа е Врховниот суд тогаш можете да замислите што се случува надолу. Понатаму, во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија, туку и лицето за кое што исто така постои спогодба со Обвинителството, а тоа е Иџет Мемети како претседател на Советот на јавни обвинители. Јасна е спрегата меѓу судско обвинителскиот систем кај нас. Затоа довербата е два проценти, затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија со други тефтерчиња, само овие се од Струмица, од „Бихаќка“ и од Речица. Се’ додека имаме тефтерчиња и се’ додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава, изјави денеска Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје.

Претходна вестДиректорот на ЈСП „Скопје“ бара помош за обнова на возниот парк
Следна вестЛекарска комора: Да се укинат хартиени картони, упати, специјалистички мислења…, беспотребно се печатат и по пет документи