ВМРО-ДПМНЕ: Kадрите како Пајазити се виновни за бегството на Рамадани

Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството, вели на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.

Тој истакнува дека Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега.

-Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп. Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити, вели Стојаноски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.

-Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш, нагласува Стојаноски.

Претходна вестВМРО-ДПНЕ: Потребни се итни реформи во правосудството, бегството на Рамадани и поткупот на Наќе Георгиев и Иџет Мемети се дел од метастазата во судството
Следна вестФилипче: Историјата нè учи дека ВМРО-ДПМНЕ не сака реформа, туку ставање на правосудството под своја контрола