На Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска во Охрид ќе се изврши церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата од досегашниот началник на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на новопоставениот началник на ГШ, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во петокот (16 август) во пресрет на Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за началник на Генералштабот на Армијата.
-Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции, соопшти Кабинетот на претседателката.