Пријавени за исчезнати петмина Непалци кои биле вработени во фирма во Охрид

Пет лица од Непал кои работеле во приватна фирма во Охрид, се пријавени за исчезнати од страна на нивниот работодавец, соопшти МВР.

-Во саботата во 11.35 часот во СВР – Охрид, 43-годишен охриѓанец, пријавил дека петмина – негови вработени лица од Непал, со привремен престој во градот, на возраст од 19 до 27 години, се оддалечиле од местото каде престојувале, информираат од МВР.

Претходна вестОд денеска започнува со работа пливачкиот базен „Карпош“
Следна вестДенес средба Мицкоски – Арсовска поради проблемот со сметот во Скопје