Седум лица повредени во сообраќајка во тетовско, меѓу нив и 82-годишниот возач

Вкупно седум лица се повреднеи во сообраќајна незгода што се случила вчера во тетовскиот регион, информира полицијата.

МВР соопшти дека во сообраќајка учествувал и 82-годишен возач а меѓу повредени лица се и две малолетнички.

– На 18.08.2024 во 16.06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино – с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(82) од село Сиричино и патничко возило „Опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(30) од село Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште пет негови сопатнички од село Теарце, од кои две малолетни, констатирани во Клиничката болница Тетово, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од увидна екипа од СВР Тетово.

 

Претходна вестВо Скопје не се чувствуваме сигурни, се чувствува неред, почнувајки од сообраќајот па натаму
Следна вестИталијанскиот прифатен центар за мигранти во Албанија од утре почнува со работа