Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните, соопшти денеска фудбалскиот клуб Вардар. До оставката доаѓа по синоќешниот триумф на Вардар против Пелистер кој што ги израдува навивачите на скопскиот клуб.
Според информациите од клубот, одлуката на Михајлов е поради приватни причини, а тој и раководството се разделуваат во најдобри и пријателски односи.
-Горазд Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во ПМФЛ, а покрај тоа оствари и значајни резултати, кои секако дека остануваат да сведочат за професионализмот и посветеноста. Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици, се наведува во соопштението на клубот.