На Филипини реализиран првиот шут за 4 поени во историјата на кошарката

Постигнувањето на „тројки“ во кошарката е вообичаена работа која изгледа лесно за добрите кошаркари. Затоа веќе се става уште подалечна „црта“ од кошот. На кошаркарски натпревар на Филипините помеѓу Мералко Болтс и Магнолија Хотшотс (99:94) вчеравечер беше постигнат првиот кош кој вреди четири поени.

Автор на првиот удар за четири поени во историјата на кошарката е Американецот од тимот на Болтс, Крис Банчеро.

Филипинската лига е првата професионална која спроведе линија за четири поени која е на далечина од 8,2 метри од обрачот. Лигата ја тестираше иновацијата на два „Ол-стар“ натпревара.

Претходна вестФК Вардар победи против Пелистер па остана без тренер, Горазд Михајлов си поднесе оставка
Следна вестТошковски во изолација