Во изолација и од дома во наредниве денови своите работни обврски ќе ги извршува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во објавата на неговиот профил на Фејсбук тој информира дека причина за тоа е коронавирусот.
-Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни. Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите, пишува Тошковски во својата објава.