Дизелот поскапува за половина денар

Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50  отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,491 ден/кг и сега ќе изнесува 46,295 ден/кг.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Со ова, од ноќеска на полноќ, горивата ќе имаат следни цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 71,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,295 (денари/килограм)

Претходна вестСе реконструира улицата „Христо Татарчев“ на површина од околу 7.000 м2
Следна вестЦрвен крст со четири нови санитетски возила ќе им помага на граѓаните да дојдат до болница