Горан Петрески е нов тренер на ФК Вардар

Горан Петрески е нов тренер на ФК Вардар откако клупската управа експресно го именува по денешната оставка на досегашниот тренер Горазд Михаилов. Петрески е поранешен напаѓач на оваа екипа, кој од неодамна доби ангажман во стручниот штаб на клубот.

Популарниот „Чунга лунга“ го прифатил предизвикот и ќе се обиде да ги исполни клупските амбиции во новата сезона, која Вардар ја започна со нов спонзор, како и половичен учинок по две кола.

– Тој ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата. Во името на клубот му посакуваме многу среќа и успех во работата и се надеваме дека заедно ќе се радуваме на победите на големиот Вардар, – стои во клупското соопштение на ФК Вардар.

Претходна вестЦрвен крст со четири нови санитетски возила ќе им помага на граѓаните да дојдат до болница
Следна вестКоце Трајановски очекува „Бехтел и Енка“ да почнат да работат пред Нова Година